ВИДЕО: Сноуден предупреди на опасноста по демократијата

Од:

Поранешниот аналитичар на американската Агенција за национална безбедност (СНА), Едвард Сноуден денеска предупреди, во првата снимка откако доби азил во Русија, дека шпионирањето може да претставува опасност за демократијата.

– Ако не можеме да ја разбереме политиката и програмите на својата влада, не можеме ниту да ги одобруваме нејзините промени, истакна Сноуден на видео-снимката објавена на сајтот на Викиликс.

Сноуден го снимил видеото во средата, кога се сретна со четворица пензионирани агенти на американските разузнавачки служби и група активисти, кои се залагаат за промоција на етничките вредности на таа професија.

Тој повтори дека контролата што ја врши НСА е многу опасна, додавајќи оти неселективното прислушување е многу позастапено од легитимните програми.

– Тоа е вид на масовен надзор, дури и кога не е потребно. Луѓето ширум светот сфаќаат дека таквите програми не не прават побезбеди, оти штетат на нашата економија и на нашата земја, дека ја ограничуваат слободата на говорот и слободата да мислиме, живееме, да бидеме креативни и да имаме врски какви што сакаме, посочи Сноуден.

 

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска