Видео снимките од авионската несреќа на Алпи се лажни?

Од:

Француската полиција ја оспори автентичноста на видео записот од последните моменти пред несреќата на авионот на германската компанија„ Џерман Вингс“, кој се урна во француските Алпи, а за кој германскиот весник „Билд“ и францускиот „Пари Мач“ тврдат дека имале увид.

Полковник Жан Марк Менишини, еден од полицајците кои раководат со истрагата вели дека тврдењата за автентичност на снимката се потполно лажни, пренесе францускиот весник „Фигаро“.

Истражителите наведуваат дека помеѓу 4.000 делови, од остатоците од авионот и делови од телата на жртвите се пронајдени и мобилни телефони, но Менишини истакнува дека содржината на тие телефони се уште не е проверена.

Државниот обвинител во Марсеј, Брис Робен рекол дека телефоните се уште не се испратени во лабораторијата која треба да ги анализира.

-Сите телефони за сега се наоѓаат во Сен Лез Алп. Доколку некои луѓе ги зеле телефоните од таму, јас не сум запознаен со тоа – прецизирал тој и додал дека тие треба да бидат испратени во Институтот за кривична истрага на националната жандармерија во местото Росни су Боа, во близинана Париз.

Експертите за авионски несреќи се согласни дека не е можно да се пронајдат мобилни телефони или нивни картички, помеѓу остатоците на толку голема површина и потсетуваат дека тоа и порано се случувало- наведе „Фигаро“.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски