ВИДЕО: Снимки од првите миниту на земјотресот во Мароко

Од:

Силен земјотрес го погоди Мароко доцна во петокот, а според првичните податоци на Министерството за внатрешни работи, загинаа најмалку над 600 лица, а стотици се повредени. Мароканскиот геофизички центар соопшти дека земјотресот се случил во областа Игил на планините Висок Атлас, со јачина од 7,2 степени. Американскиот геолошки институт ја процени јачината на земјотресот на 6,8 степени и соопшти дека е на релативно мала длабочина од 18,5 километри.

Игил, планинска област со мали земјоделски села, се наоѓа на околу 70 километри југозападно од Маракеш. Земјотресот се случил нешто по 23 часот по локално време. Локален функционер изјави дека најголем дел од смртните случаи се случиле во планинските области се тешко достапни. Жителите на Маракеш, еден од најтешко погодените градови, излегоа од своите домови во страв од последователни потреси.

Првите снимки ја покажуваат големата штета што ја нанесе земјотресот во Маракеш, историски град под заштита на УНЕСКО. На видеото се гледаат оштетени згради и улици полни со урнатини, како и луѓе кои панично бегаат низ облаците од прашина. Некои згради во стариот дел на Маракеш се урнаа, а голем број жители останаа на улиците поради опасност од нов земјотрес.

Некои сведоци велат дека ударот бил многу силен и дека се траело околу една минута.

„Беше страшно, особено сите тие последователни потреси“, „Има многу скршено стакло во куќата, се се тресеше околу една минута“, „Беше страшно! Целата куќа се тресеше, а прозорците пукнаа!“

Жителите на Маракеш рекоа дека некои згради се урнале во стариот град, кој е дел од светското наследство на УНЕСКО, а локалната телевизија прикажа слики од срушено минаре на џамија со урнатини врз згмечени автомобили.

Монтасир Итри, жител на планинското село Асни во близина на епицентарот, рече дека повеќето од куќите таму се оштетени. „Нашите соседи се под урнатините и луѓето напорно работат да ги спасат, користејќи ги достапните ресурси во селото“, сведочеше тој.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Босна и Херцеговина

Повторно земјотреси во регионот на Берово и Делчево

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Македонија

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени во Гватемала

Земјотрес во Кампанија, потресот предизвика паника во Неапол