(ВИДЕО) Снимен моментот на нападот на руската церемонија, загинаа војници и актерка

Од:

На социјалните мрежи е објавено видео на кое наводно се гледа драматичниот момент од нападот на украинскиот ХИМАРС на руската церемонија. Во краткиот клип објавен од познат руски воен блогер, може да се видат руски војници за време на настапот на пејачка. Потоа се слуша удар и се се стемнува. Во нападот загинаа повеќе од 25 руски војници и една актерка која пееше на церемонијата.

Сè се случи на церемонијата во близина на градот Старобешево, во регионот на Доњецк. Војниците се собраа на церемонијата на доделување награди во чест на руската 810-та поморска бригада, пишува Newsweek.

Концертот, организиран како дел од доделувањето на наградите, се одржа на околу 60 километри од линијата на фронтот, изјави руски воен блогер. Тој додава дека во нападот била убиена руската актерка Полина Менших. Рускиот државен весник „Известија“ исто така објави дека Менших загинала во нападот.

На 19 ноември руската државна новинска агенција Тас објави дека една жена е убиена во украинскиот напад, но не даде дополнителни детали. Независниот руски медиум „Москва тајмс“ објави дека загинала 40-годишната Полина Менших. Нејзината смрт била потврдена од регионални претставници.

Би можело да ве интересира

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Терехов: Харков е нападнат од руски беспилотни летала

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина