(ВИДЕО) Снимен моментот кога противвоздушната одбрана кај Киев уништува руска ракета

Од:

Новинарот Еуа Мекдоналд, повремен соработник на БиБиСи и новинар на Гласот на Украина, објави снимка за која вели дека е направена на 15 ноември недалеку од Киев.

„Спектакуларна снимка: Две руски крстаречки ракети „Калибр“ беа соборени на неколку секунди една од друга во регионот на Киев. Првата е експлозија што се слуша и се гледа светлина на хоризонтот. Второто пресретнување е јасно видливо, германскиот противвоздушен систем Ирис-Т го пресретна проектилот“, напиша тој.


Украина беше под силно руско гранатирање во последните недели. Главна цел на Русите се енергетските постројки и друга стратешка инфраструктура, со кои сакаат да им го отежнат животот на цивилите низ Украина.

Затоа Украина во последните недели најмногу бара од Западот системи за противвоздушна одбрана. Тие добија модерен Iris-T SLM од Германија. Неодамна го добија норвешко-американскиот систем НАСМАС, кој ја штити и Белата куќа.

Украинците тврдат дека нивните ракети пресретнуваат повеќето руски ракети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск