ВИДЕО: Снимателка на унгарска телевизија ги шутира мигрантите кои бегаат

Од:

Снимателка на унгарска телевизија, освен што ги снимаше бегалците кои трчаа пред налетот на полицијата, таа им ставаше сопки и ги шутираше.

Бегалците се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон кај прифатниот центар Реска, и сакаа да се вратат назад во Србија.

Таа најпрво го сопна еден бегалец кој го носеше детето во раце. На снимката на унгарската телевизија Н1ТВ се гледа дека полицајците го стигнаа човекот со детето откако снимателката му ја подметна ногата да го сопне, по што тој падна.

На другата снимка снимателката шутира едно момче, а потоа и девојче.

Снимателката, која унгарските медиуми ја идентификуваа како Петра Ласло, неофицијално по овој инцидент добила отказ, пренесе РТС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година