(ВИДЕО) Снежно невреме зафати делови од Њујорк, прогласена е вонредна состојба

Од:

Снежна бура денеска ја зафати западната држава Њујорк, вклучувајќи го и градот Бафало.

Во текот на викендот се очекува да падне повеќе од еден метар снег во градот и другите делови на западната држава Њујорк, јавува Ројтерс.

Во округот Ири, кој го опфаќа градот Бафало, е прогласена вонредна состојба, а возењето е забрането освен во итни случаи.

Јавните училишта во Бафало ја откажаа наставата за повеќе од 32.000 ученици, а натпреварот во американски фудбал помеѓу локалните Бафало Билс и Кливленд Браунс беше преместен во Детроит.

Обилните снежни врнежи не се невообичаени за западниот дел на државата Њујорк, кога топлите води на Големите езера Ири и Онтарио доаѓаат во контакт со студениот воздух што доаѓа од Арктикот.

Би можело да ве интересира

Снежно невреме во САД, откажани летови и возови

Снежно невреме во Германија, патници заглавени во возила

(ВИДЕО) Снежна бура во Норвешка, хаос во Осло

Во Хрватска на сила е црвен метео аларм, се очекуваат ветрови и до 200 километри на час

Дел од жителите на Калифорнија отсечени од светот: Во снегот напишаа порака за службите за итна помош

Најмалку едно лице загина во снежното невреме во Јапонија