Дел од жителите на Калифорнија отсечени од светот: Во снегот напишаа порака за службите за итна помош

Од:

Дел од жителите на Калифорнија се отсечени од светот. Минатиот викенд населените места источно од Лос Анџелес беа погодени од снежно невреме кое зад себе остави над два метри снег.

Службите за итни случаи се борат една недела да стигнат до луѓето кои не можат да ги напуштат своите места за живеење.

„Се чувствувам како никогаш да нема да излезам од тука“, изјави Марсија Волошун за USA Today, која не го напушти својот дом една недела.

Жителите на отсечената област во снег напишаа пораката „Помогнете ни!!“

Поради невремето, автопатите се затворени, а гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба во 13 окрузи.

Би можело да ве интересира

Најмалку едно лице загина во снежното невреме во Јапонија

Двеста милиони Американци во студ и мраз ќе ги дочекаат празниците

Поради снежното невреме откажани се речиси 4.000 летови во САД

Две лица загинаа во снежното невреме што ги зафати централните делови на САД

(ВИДЕО) Снежно невреме зафати делови од Њујорк, прогласена е вонредна состојба

Горан Наумовски

Неколку илјади животни настрадаа во снежна бура на Тибет