(ВИДЕО) Силна експлозија во Москва: Нов напад со дрон, оштетена e зграда

Од:

Делови од украинско беспилотно летало паднале врз московскиот Експо Центар по акцијата на противвоздушната одбрана. Експо центарот се наоѓа на околу пет километри од Кремљ.

Урнатините не предизвикале пожар и според досегашните податоци нема повредени. Меѓутоа, како резултат на овој напад, сообраќајот на цивилните аеродроми во Москва беше накратко прекинат, а седум летови беа пренасочени.

„Околу четири часот по московско време, режимот на Киев изврши уште еден терористички напад користејќи беспилотно летало врз објекти лоцирани во Москва и во Московската област“, ​​соопшти руското Министерство за одбрана.

Скај њуз јавува дека е соборен дрон над центарот на Москва и дека силна експлозија се слушнала во близина на деловниот кварт на руската престолнина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната