(ВИДЕО) Силна експлозија во кинеска хемиска фабрика, најмалку пет мртви

Од:

Најмналку пет лица загинаа, а шест се водат како исчезнати по силната експлозија што се случи вчера во хемиска фабрика во источна Кина, соопштија локалните власти.

Експлозијата исфрли огромен столб од сив и портокалов чад и искрши прозорци во блиските згради, што предизвика масовна спасувачка операција.

Несреќата се случила во производствен погон на „Шандонг Јудао Хемикал“ во градот Гаоми, покраината Шандонг, неколку минути пред пладне по локално време, објави државната телевизија CCTV.

Причината за експлозијата не е веднаш јасна. Локалните власти соопштија дека 19 лица се здобиле со полесни повреди.

Снимките објавени на кинеските социјални медиуми покажаа густ чад како се издига од зградите во индустриската зона.

Прозорците беа скршени во некои ниски згради во близина.

Противпожарните и спасувачките служби испратија 55 возила и 232 лица на местото на настанот, а Министерството за управување со вонредни состојби испрати оперативна група и дополнителни засилувања, се вели во соопштението на министерството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Рим – има тешко повредени

А1он

Овца со четири рога во зоолошка градина во Кина

А1он

Експлозија во деловна зграда во Амстердам, исламистичка група ја презеде одговорноста

Кина ги предупредува САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“

Кина бара прекин на нападите и почитување на суверенитетот на Иран

Си направи голема „чистка“ во Кина