ВИДЕО: Силна експлозија во Бејрут, голем број повредени и разрушени објекти

Од:

Силна експлозија одекна во главниот град на Либан, а социјалните мрежи се преплавени од видеа на кои се гледа размерот на несреќата и чадот што се шири низ Бејрут.

Националната либанска телевизија пренесе дека експлозијата настанала во фабрика за производство на пиротехнички средства, каде се јавува за голем број на повредени, а засега има и најмалку 10 жртви.

Светските медиуми пренесуваат дека сцените во болниците се стравотни и дека голем број лекарите се обидуваат да им помогнат на ранетите на лице место.

„Луѓето лежат на земја, а некои од нив се целосно прекриени со стакло“, пренесува „Си-ен-ен“.

Според првичните информации експлозијата била почувствувана дури на 20 километри од главниот град.

Очевидци раскажуваат дека објектите во градот претрпеле голема материјална штета, а некои се и целосно разурнати од потресот.

Од експлозијата, односно прашината која ја предизвика, видливоста во Бејрут е значително намалена.

Израелските власти соопштија дека тие немаат никаква вмешаност со тоа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Тексас: Четворица повредени, неколку домови оштетени

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Драма во Амстердам: Автомобил експлодира на плоштад

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут