(ВИДЕО) Силен земјотрес во Турција

Од:

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди источна Турција рано утрово. Потресите беа почувствувани во неколку провинции, но нема непосредни извештаи за жртви или штети.

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната турска провинција Малатја, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Земјотресот се случил во 6.20 часот наутро по локално време, со епицентар во округот Баталгази на длабочина од 15,59 километри, соопшти АФАД во соопштението.

Потресите биле почувствувани и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа. АФАД соопшти дека нема непосредни извештаи за штети или жртви.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија