Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето во близина на северниот брег на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција, која ја коригираше првичната проценка од 6,9 степени.
Епицентарот бил во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од околу 50 километри. Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот со магнитуда од 6,9 степени.
The Japan Meteorological Agency says the magnitude 6.9 quake occurred off the coast of Iwate Prefecture and had an intensity of upper 6 on the Japanese scale of zero to 7 in the hardest-hit areas in the hardest-hit areas of Aomori Prefecture. https://t.co/bZpiKm94yl pic.twitter.com/dnuBDdKgKK
— NHK WORLD News (@NHKWORLD_News) June 25, 2026
И покрај силниот потрес, јапонските власти соопштија дека нема опасност од цунами. Земјотресот се почувствувал и во Токио, а засега нема информации за жртви или поголема материјална штета.
Премиерката Санае Такаичи изјави дека владиниот кризен штаб ги следи состојбите и е подготвен за евентуални спасувачки операции, додека граѓаните во погодените региони се повикани да бидат внимателни поради можни последователни потреси.
Во неколку градови на североистокот на земјата тресењето траело неколку минути, но според првичните информации не е забележана значителна штета. Одредени железнички линии и брзи возови биле привремено запрени поради безбедносни проверки.
Јапонските власти информираа дека не се регистрирани неправилности во нуклеарните постројки, вклучително и во нуклеарната централа Фукушима Даичи.
Јапонија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, еден од најсеизмички активните региони во светот, поради што земјата често се соочува со силни земјотреси.
