ВИДЕО: Што предвидува новиот „план во четири чекори“ на Трамп?

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп го објави својот нов план на политики кои треба да ги реализира во блиска иднина, јавија американските медиуми.

Тој истакна дека нужни се новите промени кој требаат да го реформираат и ревитализираат системот во државата.

Американскиот план именуван како „План во четири“ чекори предвидува:
1. Економско развивање на заедниците на малцинствата
2. Конфронтирање со здравствените разлики во системот
3. Обновување на програмата „Училишен избор“
4. Охрабрување на полицијата да ги задоволи стандардите во врска со употребата на физичката сила.

Трамп гостувајќи на „Фокс њуз“ изјави дека зголемувањето на присуството од страна на полицијата е гаранција за враќање на јавниот ред во САД.

По негативните реакции во јавноста во однос на фотографијата што ја објави при посетата на претходно демолираната црква на која ја држи Библијата, Трамп одговори дека тоа е навистина одлична фотографија и дека на многумина им се допаднала, додавајќи дека тој ја ужива поддршката од христијанската заедница.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина