ВИДЕО: Шпанија распореди воени сили во Сеута откако од Марко влегоа илјадици миграни

Од:

Шпанската Влада распореди воени сили во Сеута за да патролираат долж границата со Мароко, откако неколку илјади мигранти вчера допливаа во оваа шпанска енклава на африканскиот континент, изјави денеска неименуван извор од шпанското Министерство за внатрешни работи.

Војниците ќе патролираат на границата заедно со шпанската полиција.

-Одлуката веднаш стапува на сила, изјави изворот, без да прецизира колку војници ќе бидат распоредени, пренесуваат британските медиуми.

Портпаролот на шпанската владина делегација во Сеута изјави дека војниците ќе соработуваат со полицијата во чувствителните области во енклавата, пред се, за одржување на редот на улиците.

-Околу 6.000 Мароканци, вклучувајќи и околу 1.500 малолетници, вчера и денеска допливаа до Сеута, изјави шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка.

Истовремено шпанскиот премиер, Педро Санчез, изјави дека Шпанија по секоја цена ќе го „брани интегритетот на Сеута“.

„Мојот приоритет во моментот е да ја вратам нормалноста во Сеута. Нејзините граѓани мора да знаат дека имаат апсолутна поддршка од шпанската Влада за да се осигурат нивната безбедност и да се брани нивниот интегритет од каков било предизвик“, напиша Санчез на Твитер, кој воедно го откажа за денеска закажаното патување во Франција.

Сеута, енклава со 80.000 жители, е лоцирана на самиот север на Мароко, спроти Гибралтар.

Шпанските енклави Сеута и блиската Мелила веќе долго време привлекуваат африкански мигранти, кои се обидуваат да се „дограбат“ до Европа во потрага по подобар живот.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја