ВИДЕО: Шестте најсреќни луѓе кои избегнаа смрт

Од:

Помеѓу шестте најсреќни луѓе кои за чудо извлекоа жива глава во речиси безизлезна ситуација, се наоѓа и српска стујардеса Весна Вуловиќ, која преживеа пад од 10.160 метри без падобран.

Снимката за луѓето кои што за среќа останаа живи, за два-три дена е прегледана повеќе од милион пати.

Некогашната стјуардеса на ЈАТ, на 26-ти јануари 1972 година била една од патниците, во авионот кој што експлодирал над Чешка, откако еден терорист поставил бомба.
Таа останала врзана за своето седиште помеѓу тоалетот, а тој дел од авионот паднал на планина прекриена со снег.

На 22 годишна возраст Вуловиќ претрпела повеќе тешки повреди, меѓу кои и фрактура на главата, скршеници на двете нозе и три пршлени, поради што привремено била парализирана. По неколкуте хирушки интервенции, таа повторно застанала на нозе, но и се запиша во Гинисовата книга на рекорди.

Адамс: Скокнала од 86-ти кат

-Изгледа дека Господ се уште не одлучи дека е време да починам-изјави Елвита Адамс, откако преживеа пад од 86-ти кат.

Во 1979 година, кога добила налог за ислување од станот, мајката на тогаш десетгодишно момче, одлучила да се убие и скокнала од прозорецот.

Но, ветерот бил толку силен што ја однел на симсот на прозорецот на 85-от кат. Адамс се здобила со скршеница на колкот, од кој успешно заздравела.

Саливан: Гром го удрил седум пати

Чуварот на парк, Рој Саливан добро знае што значи да се биде на погрешно место, во погрешно време.

Во периодот помеѓу 1942 и 1977 година, овој жител на Вирџинија доживеал дури седум удари од гром. Но, и покрај неколкуте повреди, сепак преживеал.

Саливан успеал да ги победи громовите, но не и невозвратената љубов, поради која во 71-та година од својот живот се самоубил.

Ен Хоџис: Ја удрил метеорит

Вообичаеното попладне во 1945 година, во домот на Ен Хоџис во Алабама, го прекинал метеорит кој паднал во нејзиниот дом и ја удрил во колкот.

И покрај тоа што била повредена и во шок, Хоџис преживеала и е запишана во историјата како единствена Американка во која некогаш удрил метеорит.

Таа починала во 1972 година, а метеоритот се чува во Историскиот музеј на Алабама.

Седумгодишно девојче преживеало шест куршуми

Алексис Гогинс имала само седум години, кога се спротивставила на поранешното момче на нејзината мајка, кое што ги киднапирало.

Додека биле во автомобилот, мажот изгубил контрола над ситуацијата и пукал во поранешната девојка. Нејзината ќерка се фрлила во прегратките на мајка си, за да ја заштити.

Келвин Тили, кој се уште ја служи 60 годишната казна, воопшто не обрнал внимание и продолжил да пука.

Девојчето било рането со шест куршуми, а останало без око и имало неколку операции. Истите биле успешни и денес живее со мајка си.

Преживеал нападнат од Гризли

Пред пет години се случи несреќа која што Брент Кејс од Канада ќе ја помни до крајот на својот живот. Овој истражувач го нападнало гризли, кое започнало да му ја гризе главата.

-Болката беше толку голема што не знаев дали да плачам или да врескам, но знаев дека мора да се преправам дека сум мртов. Ми ја изгриза главата и двете раце, а потоа ме отфрли во калта и се повлече-се сеќава Кејс, кој бргу успеал да влезе во својот автомобил и да замине во најблискиот град, одалечен 25 километри.



Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ