(ВИДЕО) Шестмина убиени, меѓу кои и дете, во руски напад врз Киев

Од:

Најмалку шест лица, меѓу кои и шестгодишно момче, се убиени во комбиниран руски напад со ракети и беспилотни летала врз Киев, додека десетици други се повредени, соопштија локалните власти.

Нападнати се 27 локации во четири области на украинскиот главен град, а меѓу погодените објекти се станбени згради, училишта и болници, објави Ројтерс.

„Имаме 52 повредени, речиси 30 во болници. Вклучувајќи девет деца. Бројката за жал ќе расте. Двајца жители на Киев загинаа како резултат на целен напад од руски терористи. Ова веројатно не е конечната бројка“, напиша Тимур Ткаченко, началник на градската воена администрација на Киев, на Телеграм.

Би можело да ве интересира

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Семејства бараат враќање на повеќе од илјада Кенијци од војната во Украина