(ВИДЕО) Шефот на Вагнер објави снимка со тела на платеници: вие што не ни давата муниција ќе изгорите во пеколот

Од:

Шефот на групата Вагнер објави видео исполнето со вулгарности во кое, според Си-Ен-Ен, тој ги напаѓа руските службеници.

Евгениј Пригожин стои до наводните тела на неговите платеници и го напаѓа Кремљ: „Овие момци овде се „вагнеровци“ кои загинаа денес. Крвта е сè уште свежа. Снимајте ги сите!“

„Тоа се нечии татковци и нечии синови. А вие што не ни давате муниција ќе изгорите во пеколот! Седите во вашите луксузни клубови, вашите деца се зависни од правење видеа за YouTube. Мислите дека сте господари на овој живот? Мислите дека можете да располагате со нивните животи? Ако имате магацини полни со муниција, тогаш можете“, вели Пригожин во видеото.

Во видеото тој бара да му биде доставена муниција и ги кани рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов да ги погледнат телата.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски