(ВИДЕО) Шефот на Вагнер: Единица на руската армија избега од бојното поле кај Бахмут

Од:

Евгениј Пригожин, основач на приватната воена компанија Вагнер, вчера објави дека неговата платеничка група почнала да прима муниција. „Според прелиминарните податоци, почнуваме да добиваме муниција“, рече тој вчера во аудио пораката што ја објавија неговите портпароли. Тој додаде дека во Бахмут се водат „жестоки“ борби, но тврди дека неговите сили напредуваат, пишува Киев пост.

Сепак, Пригожин рано утрово објави нова снимка. „За да не се расипе ничиј одмор, целосното видео кое ви кажува за состојбата со муницијата ќе биде прикажано точно во 10:40, по завршувањето на победничката парада. А бидејќи е 3:30 часот наутро, имаме уште време – кој знае, можеби ќе ја добиеме муницијата. Тогаш нема да го покажеме“, рече тој.

На крајот го објави видеото со кое се заканува. Во него тој ја обвини руската воена единица дека бега од нејзините позиции во близина на Бахмут во источна Украина, каде во моментов се водат најжестоките борби. „Денеска единица на Министерството за одбрана побегна од едно од нашите крила… оставајќи разоткриен фронт“, рече Пригожин.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски