Осумнаесетгодишната Саба Максод од Пакистан се соочила со вистинска тортура од своето семејство, кое сакало да ја убие, бидејќи против нивна волја се омажила за човекот кого го сакала.
Пет дена по венчавката со соседот Мухамед Кајсел, таа била линчувана од својот татко, вујко, брат и тетка, кои ја однеле Саба во Хафизад, каде што пукале во неа, ја ставиле во вреќи и ја фрлиле во канал, мислејќи дека е мртва.
Неколку минути подоцна таа дошла при свест и успеала да излезе од вреќата, а потоа и да побара помош од луѓето на бензинска пумпа, кои ја однеле до болница.
Повеќето конзервативни пакистански семејства веруваат дека е нечесно жената да се вљуби и сама да го избере својот животен сопатник.
Од жените од такви семејства се очекува да стапат во претходно договорен брак, бидејќи во спротивно ги убиваат поради чест.
Полицијата започна истрага против сторителите, но сите обвинети членови од семејството исчезнале.
Е. Г.