(ВИДЕО) Седум лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Јелоустоун во САД

Од:

Седум лица загинаа, а осум се повредени откако комбе со повеќе од десетина туристи се судри со пикап на автопат во близина на Националниот парк Јелоустоун, соопшти полицијата на државата Ајдахо.

Причината за несреќата сè уште се истражува. Патничко комбе превезувало туристичка група од 14 лица кога се судрило со пикап во близина на езерото Хенри и се запалило. Шест лица во комбето и возачот на пикапот загинаа.

Сите осум преживеани од комбето беа однесени во болница со разни повреди.

„Њујорк тајмс“ ја цитираше Бренда Дај, вработена во мртовечница од округот Фремонт, која изјави дека возачот на пикапот бил од Тексас, а шесте патници во комбето кои загинале биле странци, од кои двајца од Италија.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема преговори со САД

Трамп испраќа елитни падобранци на Блискиот Исток

Иранска државна телевизија: Иран го отфрла предлогот на САД од 15 точки

Адмиралот Купер тврди: Иранците ќе добијат „сигнал“ кога да излезат на улица

„Eрусалим пост“: САД размислува за копнена инвазија на иранскиот остров Харг

Горан Наумовски

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран