ВИДЕО: Се запали автобус среде мостот што ги поврзува Венеција и Местре

Од:

Вчера на мостот меѓу Венеција и Местре се запали автобус. За среќа, како што пренесуваат италијанските медиуми, и возачот и сопатниците излегле навреме и немало повредени.

Автобусот тргна од Тревизо во 13 часот и 15 минути, застана во Местре, каде што се симнаа сите патници и се качија осум нови патници.

На патот кон Венеција, на половина пат преку мостот, возачот забележал нешто како чади на задниот дел од автобусот. Тој веднаш застанал и им наредил на патниците да излезат, додека го земал противпожарниот апарат и почнал да го гаси пожарот. Сепак, пожарот се засилуваше и не можеше ништо да направи, пренесуваат медиумите.

Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот и го изгаснале пожарот, но автобусот веќе изгорел до темел.

Мостот бил затворен со часови.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага