Приватниот колекционерски авион „Фуга Магистер“ денеска се урна во морето пред згрозените гледачи кои присуствуваа на аеромитингот во Франција, јавуваат локалните медиуми. Според информациите, пилотот на овој приватен авион не се катапултирал навреме од авионот, а неговата состојба не е позната.
Accident d’un avion de la patrouille de France au Lavandou à l’instant. En espérant que le pilote soit indemne. pic.twitter.com/LwXCjQZ38l
— Maxime Govare (@MGovare) August 16, 2024
Информацијата за падот на авионот ја потврдија и од управата на пристаништето на градот, додека се наведува дека несреќата се случила на брегот на Лаванду, во Вар, нешто пред 17 часот.
На социјалните мрежи, вклучувајќи ја и платформата Х, видеата направени од аматери покажуваат како авионот се урнал на отворено море среде неколку чамци.