ВИДЕО: Се смирија палестинските фракции, Хамас и Фатах потпишаа договор

Од:

Различни палестински фракции се согласија да ги прекинат нивните поделби и да го зајакнат палестинското единство со потпишување на Декларацијата од Пекинг утрово во Кина, објавија кинеските државни медиуми.

Декларацијата беше потпишана на завршната церемонија на состаноците за помирување меѓу палестинските фракции што се одржаа во Пекинг од 21 до 23 јули, објави државната телевизија CCTV.

Вкупно 14 палестински фракции, вклучително и лидерите на ривалските групи Фатах и ​​Хамас, исто така се сретнаа со медиумите, а присуствуваше и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, објави телевизијата CGTN на социјалните мрежи.

Ривалските фракции Хамас и Фатах се состанаа во Кина во април на разговори за помирување за да стават крај на 17-годишните спорови.

Напорите на арапските земји предводени од Египет, кои траат од 2007 година, досега не успеаја да стават крај на споровите за поделба на власта меѓу Хамас, кој управува со Газа, и движењето Фатах, предводено од Махмуд Абас, претседателот на палестинската управа (ПА ).

Би можело да ве интересира

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници