Поранешниот градоначалник на францускиот град Тур, Жан Жермен е пронајден мртов, а постои сомнеж дека се работи за самоубиство, бидејќи требало да се појави на судење поради обвинение дека примал мито.
Неколку минути пред судењето, адвокатот на Жермен соопштил дека негов колега пронашол проштална порака, додека телото на поранешниот градоначалник било пронајдено нешто подоцна, пренесе „Франс прес“.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изразил жалење поради смртта на Жермен, додавајќи дека тој си го одзел животот бидејќи не сакал да му се извалка честа.
Е.Г.