Вулканот Попокатепетл во Мексико започна да исфрла гас и пепел, до 4.000 метри во висина, а вжештени парчиња камен се пронајдени на одалеченост од два километри.
Жителите на едно село кое од вулканот е одалечено 25 километри се сведоци на силна експлозија, чија што јачина наликувала на експлозија на ракета.
Околу 4,5 милиони луѓе живеат во пречник од 50 километри во околината на вулканот, а најзагрозени се околу 650.000 луѓе кои живеат на десетина километри од Попокатепетл.
Вулканот се уште е во жолтата фаза два што значи дека за сега нема да има евакуација на населението.
Елена Георгиевска