(ВИДЕО) Се појавија снимки од одмаздничкиот напад на Иран: Уништени делови од Хаифа и Тел Авив

Од:

На социјалните мрежи почнаа да се појавуваат видеа од последиците од масовниот ирански ракетен напад врз израелските градови, првенствено Тел Авив и Хаифа.

Според достапните информации, нападите предизвикале сериозна материјална штета, а некои населби изгледаат целосно уништени.

Израелските медиуми известуваат дека најмалку десет локации низ целата земја биле погодени, а особено погодени делови од западен и централен Израел. Експлозии се пријавени во неколку градови, а службите за итни случаи и медицинските тимови се на терен.

Нападот следеше по синоќешното бомбардирање на нуклеарните постројки на Иран, кое, според тврдењата на Техеран, било извршено со поддршка на Соединетите Американски Држави.

Како одговор, Иран лансираше најмалку 30 балистички ракети, поделени во два брана – првиот од 22 ракети и вториот од пет, со неколку дополнителни ракети во помали интервали.

Иако израелските одбранбени сили активираа системи за пресретнување, неколку ракети сепак успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат целни локации, вклучувајќи ги и густо населените урбани области во Тел Авив и Хаифа.

Ова е досега најсериозната ескалација во директниот конфликт меѓу Иран и Израел, што дополнително ги продлабочува регионалните тензии и предизвикува загриженост кај меѓународната заедница. Деталите за бројот на жртви и обемот на штетата сè уште не се официјално потврдени.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

(ВИДЕО) Застрашувачки снимки од Либан: Зграда целосно се урна по израелски напад во центарот на Бејрут

„Њујорк тајмс“: Белата куќа го нападна Иран без никаква стратегија

Трамп: Израел никогаш не би употребил нуклеарно оружје против Иран

Горан Наумовски

Ројтерс: Хамнеи го отфрли предлогот за прекин на огнот со САД

Трамп: Не ни е потребна помош од никого