ВИДЕО: Саудиски комерцијален авион пристигна во Багдад првпат по 27 години

Од:

Саудиски комерцијален авион денеска слета во ирачкиот главен град Багдад, првпат по 1991 година, објави државната телевизија Ал-Иракија.

Авионот пристигнал од Ријад, а на аеродромот го пречека и ирачкиот министер за транспорт, Казем Финџан.

Авиокомпанијата на својата интернет страница објави видео на кое се гледа екипажот како држи знамиња на Саудиска Арабија и Ирак, во моментот кога авионот пристигнува на аеродромот во Багдад. Бројот на патници засега е непознат.

Односите меѓу Багдад и Ријад се затегнаа по инвазијата на Садам Хусеин во 1990 година на соседен Кувајт. Но, во последниве месеци, високи саудиски и ирачки функционери разменија посети во знак на зближување меѓу двете арапски земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски