ВИДЕО: САД пак му покажуваа сила на Иран, нов прелет на бомбардерите Б-52 над Персискиот Залив

Од:

Два американски бомбардери Б-52 го надлетаа Персискиот Залив, трет пат во изминатите 45 денови, демонстрација на сила и наводен повик до Иран да се воздржи од напади врз американски или сојзнички цели во регионот.

Мисијата сведочи за загриженоста деновиве во Вашингтон дека Иран може да изврши нови одмаздички мерки поврзани со наближувањето на годишнината од убиството на генерал-мајор Кaсем Сулејмани на почетокот на јануари 2021.

Сулејмани беше предводик на елитната едници „Кудс“ од милитантната организација Корпус на стражите на исламската револуција.

Американските бомбардери извршиле 30 часовен лет од авиобазата Минот во Северна Дакота и обратно, и се вратиле во базата вчера попладне.

-САД продолжуваат со распоредување на активни воени сили и средства во зоната на одговорност на Централната команда на САД за задржување на каков и да било потенцијален противник и даваат до знаење дека ние сме спремни и способни да одговориме на секаква агресија, насочена против Американци или нашите интереси, изјави Кенет Мекензи, раководител на Централната команда.

Тој додаде дека САД не се стремат кон конфликт, но дека „никој не смее да ја потценува нашата способност да ги заштитиме своите сили или да дејствуваме одлучно во одговор на каков и да било напад“.

Во Вашингто постои загриженост после ракетниот удар врз амбасадата на САД во Багдад, извршен од шиитски милитантни групи поддржани од Иран.

Во нападот не нестрадаа американски државјани, но претседателот на САД, Доналд Трамп, веднаш по настанот искажа предупредување до адреса на Техеран.

-Пријателска медицинска препорака до Иран: ако макар и еден Американец загине, одговорноста за ова ќе биде кај Иран. Размислете за тоа, напиша Трамп на Твитер.

САД го намалија персоналот во амбасадата во Багдад.

Би можело да ве интересира

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19