(ВИДЕО) Руски напад на Суми: Најмалку еден мртов, многу ранети

Од:

Во напад на Русија врз североисточниот украински град Суми доцна во саботата загина еден цивил, а најмалку 17 лица беа ранети. Претходно, украинското Министерство за внатрешни работи извести за пет повредени, но тој број е зголемен.

Во вечерните часови на 29 јули, непријателска ракета погоди образовна институција“, напиша Министерството на апликацијата Телеграм.

Портпаролката Марина Полосина рече дека нападот на руските сили погодиле „образовна институција“.

Украинската полиција објави видео на кое се гледа лице во болничка носилка, уништена зграда и расцепени дрвја.

Руските сили влегоа во регионот Суми, кој се наоѓа веднаш на границата со Русија, веднаш по почетокот на инвазијата на 24 февруари минатата година, но украинските сили го ослободија неколку недели подоцна.

Ова е првпат оваа година да се регистрираат смртни случаи и повредени во административниот центар на Суми, изјави поранешниот заменик главен обвинител на Украина Гундуз Мамедов. Тој додаде дека Русија секојдневно го гранатира поширокиот регион.

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија