ВИДЕО: Руски генерал убиен во Украина

Од:

Рускиот генерал, чија бригада е обвинета за мачење и убиство на Американецот кој се борел на страната на Русија, Расел Бентли од Тексас, починал во Украина, објавија многу медиуми.

Генерал-мајор Павел Клименко командуваше со Петтата одделна моторизирана пешадиска бригада во Доњецк.

Смртта на 47-годишниот Клименко беше пријавена од неколку руски воени блогери, вклучително и истражувачката новинарска платформа „Важни приказни“, според која сестрите на Клименко ја потврдиле неговата смрт на социјалните мрежи.

Според Радио Слободна Европа, Клименко починал во четвртокот. Една од неговите сестри, исто така, ја потврди смртта на АСТРА, независен Телеграмски канал кој известува за војната меѓу Русија и Украина.

Не е јасно како починал Клименко. „Њузвик“ побара коментар од руското Министерство за одбрана, но сè уште нема одговор.

Клименко, роден во Ставропол, Русија, служел на анектираниот Крим пред инвазијата на Украина во февруари 2022 година. Во мај годинава беше унапреден во чин генерал-мајор.

Се верува дека Клименко бил еден од командантите кои наводно го основале она што АСТРА претходно го нарече „концентрационен логор“ во напуштениот рудник Петровскаја во Доњецк, источна Украина.

Се сомнева дека Бентли бил измачуван таму и на крајот убиен во април. Истрагата на Рускиот истражен комитет за околностите на смртта на Бентли покажа дека тој наводно бил мачен и убиен од припадници на Петтата бригада, објави Астра прес.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ