(ВИДЕО) Руската одбрана собори 45 украински беспилотни летала над пет региони, 11 над Москва

Од:

Руските противвоздушни сили синоќа уништија 45 украински беспилотни летала, од кои 11 над московскиот регион, соопшти руското Министерство за одбрана.

Забележано е дека уште 23 биле соборени над областа Брјанск, шест уреди се уништени над регионот Белгород, три над регионот Калушка и две над регионот Курск, пренесува РИА Новости.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека ова е еден од најголемите обиди за напад на руската престолнина со беспилотни летала досега.

Гувернерот на руската област Брјанск, Александар Богомаз, претходно утринава пријавил седум соборени дронови над тој регион во рок од еден час, пренесува Танјуг.

Богомаз додаде дека нема жртви или разурнувања.

Речиси секој ден Украина се обидува да користи беспилотни летала за да нападне цели во пограничните и централните региони на Русија.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Терехов: Харков е нападнат од руски беспилотни летала