ВИДЕО: Русите лажат дека се повлекуваат, испраќаат дополнителни сили тврди американски функционер

Од:

САД не веруваат во руските тврдења за повлекување на војската од украинската граница, напротив се сомневаат дека се испратени дополнителни 7.000 војници вели неименуван висок фнкционер во админстрацијата на Бајден.

Од друга страна, Русија објави видео со кое покажува повлекување на дел од трупите, а руската амбасада во САД објави дека антируската хистерија не дозволува Америка да гледа објекитвно на ситуацијата.

Актуелната антируска хистерија во САД не им дозволува на американските власти објективно да гледаат на ситуацијата околу Украина, соопшти руската Амбасада во САД.

– Посветивме внимание на изјавите на портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, дадени на 16 февруари во интервју за Си-Ен-Ен. Службеникот уште еднаш се обиде да ја обвини Русија за ширење дезинформации за ситуацијата во Украина, напиша амбасадата на својот Фејсбук профил.

– Очигледно е дека антируската хистерија во САД не им дозволува на американските колеги објективно да гледаат на работите. Самохипнозата за неизбежност на руски напад продолжува, додава амбасадата.

Руската Амбасада го повика американскиот Стејт департмент „да престане да ги поттикнува новинарите со милитаристички бес“ и да се фокусира на вистински важните прашања за постигнување „дипломатско решение на внатрешниот украински конфликт“.

Руското Министерство за одбрана објави видео на кое се гледа како војници и воена опрема на тенковската армија на Западниот воен округ се враќаат во своите бази по завршените воени вежби.

Руското Министерство соопшти дека тенковите и оклопните возила ќе поминат околу 1.000 километри со железница.

Западните земји вчера предупредија за зголеменото руско воено присуство на границите на Украина, што, како што тврдат, е спротивно на тврдењето на Москва за повлекување на војниците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната