(ВИДЕО) Русите го напаѓаат регионот Одеса со беспилотни летала

Од:

Две лица се повредени при руски напад врз областа Одеса, објави преку Телеграм шефот на независната изборна комисија во регионот, Олех Кипер.

Според информациите, нападот бил извршен со беспилотни летала кои биле насочени кон цивилна инфраструктура во предградието на Одеса, пренесе Укринформ.

Нападот предизвикал бројни пожари, а повредените веднаш биле пренесени во болница каде им била укажана потребната медицинска помош.

Украинските власти исто така објавија воздушна тревога во неколку региони поради непријателски беспилотни летала.

Во јужна Украина, Државната гранична служба на Украина изврши напад со беспилотно летало FPV врз руски брод.

Би можело да ве интересира

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски

Украина ќе остане без пари за две недели

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина