ВИДЕО: Русите го нападнаа Киев од различни правци со беспилотни летала, oштетени згради и далноводи

Од:

Руски воздушен напад врз Киев оштети згради, патишта и неколку далноводи во градот, соопшти рано утринава воената администрација на главниот град на Украина, откако војската соопшти дека воздушната одбрана се обидува да го одбие нападот со беспилотнi леталa.

Нема повредени во нападот, кој се случи во неколку наврати и се приближуваше кон градот од различни правци, изјави преку апликацијата Телеграм Сергиј Попко, шеф на воената управа на Киев.

Попко рече дека нема пожар, со што ја демантираше претходната дојава на воената управа дека на местото на пожарот во Шевченко кварт биле испратени итните служби, кој, како што беше претходно кажано, настанал од нападот.

Тоа беше втор руски напад со беспилотни леталa врз Киев во две последови ноќи. Според првите информации, уништени се сите дронови, додаде Попко.

Паѓањето на остатоци од беспилотно летало ги оштетило влезовите и прозорците на најмалку пет згради во областите Шевченкивски и Холосивскји, вклучително и хостел и прозорците на деловна зграда, рече Попко.

Армијата објави неколку фотографии на Телеграм на кои се гледа разнесениот влез на една зграда, оштетени прозорци на друга и урнати далноводи на патот.

Очевидци на Ројтерс рекоа дека слушнале експлозии и виделе чад над станбените згради. Областа Шевченко во близина на центарот на Киев е прометна област со голем број универзитети, ресторани и туристички атракции. Областа Холосивски е дом на голем национален парк. Двете области се наоѓаат на западниот брег на реката Днепар.

Киев, неговата околина и поголемиот дел од источната половина на Украина беа под наизменични предупредувања за воздушни напади во поголемиот дел од ноќта, според објавите на украинската војска на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ