(ВИДЕО) Русија: Украина го нападна нашиот брод кој го штити гасоводот во Црното Море

Од:

Русија тврди дека Украина неуспешно се обидела да нападне брод на руската морнарица со шест поморски беспилотни летала додека рускиот брод патролирал над големите гасоводи во Црното Море, пренесува Ројтерс.

Бродот Приазовје вршеше, како што соопшти руското Министерство за одбрана, „набљудување на ситуацијата и обезбедување безбедност по трасите на гасоводот“ кој преку Црното Море извезува гас во Турција, а потоа и во Европа. Овој гасовод ја заобиколува Украина.

Нападот бил оддалечен околу 300 километри од седиштето на руската флота во Севастопол.

Во моментот на нападот, американскиот дрон RQ-4 Global Hawk се наоѓал во централното подрачје на Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

(ВИДЕО) Русите тврдат дека освоиле важен град на патот кон Покровск

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Зеленски: 980.000 украински војници пукаат на Русите

Русите тврдат дека целосно го зазеле градот Курахово

Предраг Петровиќ

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски