ВИДЕО: Русија почна со воздушни напади во Сирија

Од:

Русија ги изведе првите воздушни напади во Сирија насочени кон Исламска држава, потврди руското министерство за одбрана.

Американските официјални лица претходно објавија дека нападите се извршени околу градот Хомс, како и тоа дека Вашингтон е претходно информиран за акцијата.

ББС истакнува дека до ваков развој на ситуацијата доаѓа откако сирискиот претседател Асад официјално побара помош од Русија.

Руската мрежа РТ пренесува дека претседателот Владимир Путин рекол дека се работи за “превентивни напади за борба против тероризмот“.

-И покрај името кое го носи, Исламска држава има многу малку допир со исламот. Радикалите од цел свет отидоа во Ирак и Сирија да се приклучат кон оваа терористичка група. Тие мора да бидат поразени и не смее да им се дозволи да се вратат во своите земји вооружени со искуство и идеологија“, рече Путин.

Рускиот претседател рече дека би било добро да се приклучат и другите нации во антитерористичката борба на Русија во Сирија, и повика да се придружат во центарот во Багдад кој Русија го основа со Ирак и со Иран.

Граѓанската војна во Сирија трае 4 години, а вооружените бунтовнички групи се борат со војската на Асад. Против војската се борат и припадниците на терористичката група Исламска држава.

Претходно, ден откако рускиот претседател Владимир Путин во ОН искажа спротивен став за ситуацијата во Сирија од американскиот претседател Барак Обама, руската Дума одобри воздушни напади во Сирија.

Русија отфрли ангажирање на нејзините копнени сили во Сирија, а Пентагон соопшти дека ќе биде воспоставена комуникација со Кремљ за да се разменуваат информации за воздушните напади.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала