ВИДЕО: Русија нема планови да навлезе во Украина тврди рускиот амбасадор во САД

Од:

Русија нема намера да навлезе на Украина, тоа беше одразено во одговорот до Вашингтон за гаранциите за безбедност што беше предаден на 17 февруари, изјави синоќа за Си-би-ес рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов.

-Нема инвазија и нема такви планови. Тоа беше утврдено во руските документи што ние ги дадовме на нашите американски пријатели во Стејт департментот. Русија јавно изјави за својата спремност да се продолжи со дипломатските напори за регулирање на сите нерешени прашања, изјави дипломатот.

Во изминатите неколку месеци Запад ја обвинува Русија дека се подготовува воено да навлезе во Украина. Растечката веројатност за инвазија се поврзува со зголемувањето на бројот на руската војска до границата со соседната земја.

Москва истакнуваше дека армиските групи се таму поради воени вежби, и дека Русија има право да релоцира војска на својата територија по сопствено убедување.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски