(ВИДЕО) Руси: Украинците гранатираа пазар и породилиште, убиено дете

Од:

Проруските сепаратисти од источниот украински регион Доњецк тврдат дека во вчерашното гранатирање на пазарот и породилиштето загинале пет лица, меѓу кои и едно дете.

Руските прорежимски агенции тврдат дека гранати паднале на пазарот и породилиштето, а пациентите биле испратени во подрумот.

Оваа информација не е независно потврдена.

Руски извори тврдат дека во гранатирањето загинало едно дете, а повредени се најмалку 22 лица.

Руската новинска агенција РИА го цитираше портпаролот на ОН, Стефан Дујарик, кој рече дека официјални лица виделе извештаи за напад на болницата.

„Ова е крајно загрижувачки. Секој напад врз цивилната инфраструктура, а особено врз здравствените установи, е кршење на меѓународното право“, рече Дујарик.

Друга руска агенција објави фотографии од запалени штандови на пазарот, на кои се гледаат тела на земја.

Официјален Киев се уште не ги објави овие тврдења.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Русите ja враќаат територијата во Курск

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина