(ВИДЕО) Рубио: Сите членки на НАТО ќе се согласат да издвојуваат пет проценти од БДП за одбрана

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека на претстојниот самит на НАТО во јуни, сите негови членки ќе се согласат да ги зголемат трошоците за одбрана во текот на следната деценија на пет отсто од БДП.

Рубио ова го изјави во интервју за Фокс њуз по учеството на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Анталија, Турција.

Неговиот шеф, американскиот претседател Доналд Трамп, во неговиот прв мандат од 2017 до 2021 година, го намали финансирањето на НАТО, често жалејќи се дека САД и даваат на Алијансата неправедна сума во споредба со другите членки.

„Можам да ви кажам дека за шест недели имаме состанок на кој речиси секоја членка на НАТО ќе биде со два или повеќе проценти од БДП, но што е уште поважно, многу од нив ќе бидат над четири проценти и сите ќе се согласат за целта од пет проценти во следната деценија“, рече шефицата на американската дипломатија.

Новиот германски министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави претходно оваа недела дека Берлин го поддржува барањето на Трамп земјите-членки да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од БДП.

Самитот на НАТО ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Холандија.

Би можело да ве интересира

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Рубио испрати писмо до дипломатите: „Пренесете ја оваа порака до сојузниците, имате време до петок“

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски