ВИДЕО: Романците бесни на новите ковид-мерки, упаднаа во дворот на Собранието

Од:

Романците излегоа на протести во Букурешт поради зелениот сертификат и мерките против Ковид-19 воведени во земјата поради пандемијата на коронавирус.

На протестите се собраа поддржувачи на партијата Алијанса за романско единство.

Според претседателот на партијата, Џорџ Симион, сертификатот за ковид е неефикасен и неуставен, а протестот е организиран за да се каже „не“ на мерките за кои сметаат дека не ги решаваат постоечките проблеми.

Специјализирани тимови на романската жандармерија преговараат со демонстрантите кои успеале да влезат во кругот на зградата на Собранието, а органите на редот се обидуваат да ги убедат да ја напуштат областа.

„Во овој момент преку нашите тимови за дијалог ги повикуваме луѓето да го напуштат надворешниот простор што им припаѓа на институциите“, соопшти генералната дирекција на жандармеријата во Букурешт.

Тие ги повикаа учесниците на протестот да соработуваат, да ги следат упатствата и да излезат од дворот на зградата на Собранието и да излезат на просторот што им го доделиле органите на редот. Романските медиуми наведуваат дека околу 1.500 луѓе протестираат во Собранието против воведувањето на зелениот сертификат.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Романија

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски