ВИДЕО: Рекорден лет на американската вселенска капсула на „СпејсЕкс“

Од:

Американската вселенска капсула „Драгон“ на „СпејсЕкс“ стигна до Меѓународната вселенска станица (МВС) за само седум часа и 55 минути, што според НАСА е најкраткото време од лансирање до пристигнување на американско вселенско летало во историјата на станицата.

Краткото патување било овозможено поради позицијата на МВС во моментот на полетувањето. За споредба, на претходниот екипаж од истата мисија, кој полетал во февруари, му биле потребни повеќе од 30 часа за да стигне до станицата.

На „Драгон“ се четворицата астронаути – Џесика Воткинс и Лук Дилејни од НАСА, канадскиот астронаут Џошуа Кутрик и рускиот космонаут Сергеј Тетерјатников. Тие треба да поминат околу шест месеци на МВС, која се наоѓа на околу 400 километри над Земјата.

Меѓународната вселенска станица останува едно од ретките места каде што продолжува соработката меѓу САД и Русија, и покрај прекинот на голем број други меѓународни форми на соработка по руската инвазија врз Украина во 2022 година.

МВС е во континуирана употреба околу 25 години, а НАСА планира да ја користи до 2030 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гигантската ракета на SpaceX првпат ја обиколи Земјата

Катерина Ѓуровски

Илон Маск со објава на Х за соработката меѓу SpaceX и 4iG за Starlink

Групацијата 4iG и SpaceX склучија прв договор во Европа за воведување на Starlink Mobile и Sovereign Solutions

SpaceX ја блокираше руската неовластена употреба на Starlink

ВИДЕО: Експлодираше Starship на Маск, предизвика хаос со летовите на неколку аеродроми

ВИДЕО: Лансиран Старшип на Илон Маск, Spacex загуби контакт со мега-ракетата

Катерина Ѓуровски