Активистка на феминистичката група „Фемен“ денеска се обиде да го спречи чешкиот претседател Милош Земан при гласањето на претседателските избори во Чешка.
Таа ја соблече горната облека и започнува да довикува погрдни зборови против Земан. Со рацете во воздух девојката извика „Земан е ку*ва на Путин“, по што беше совладана од обезбедувањето.
Од „Фемен“ во Украина соопштија дека жената е Ангелина Дијаш, која по потекло е Украинка.
По инцидентот, Земан го напушти гласачкото место. Откако ситуацијата се смири тој се врати назад и го оствари своето право на глас.