Руски ракети паднаа врз украинскиот град Василкив југозападно од главниот град Киев, при што е запален нафтен терминал, изјави градоначалничката во видео објавено на интернет.
У Василькові після ворожих обстрілів горить нафтобазаhttps://t.co/xboroVGkyH pic.twitter.com/IxcZrDiZZ3
— Ukrinform (@UKRINFORM) February 27, 2022
„Непријателот сака да уништи се наоколу“, рече градоначалничката Наталија Баласинович.
Big boom and now pulsing glow over SW kyiv pic.twitter.com/JwpSVXhExR
— Alexander Marquardt (@MarquardtA) February 26, 2022
Фотографиите и видеата објавени на интернет покажуваат огромен пламен кој го осветлува ноќното небо. Локалните власти ги предупредија жителите да внимаваат на можните отровни испарувања.
Massive Russian attack with cruise or ballistic missiles on Vasilkov airfieldpic.twitter.com/5oNyGtIGEE
— marqs (@MarQs__) February 26, 2022
Експлозии синоќа одекнаа на повеќе страни во Украина, а руските сили разнесоа гасовод во градот Харков. Засега не е познато колку е важен овој гасовод и дали после ова може да дојде до прекин во испораката на гас.
BREAKING #Vasilkiv oil base
This is ecological catastrophe.#russianinvasion #UkraineWar #UkraineUnderAttac #Ukrainenews pic.twitter.com/Ruflc8Mddd
— KyivPost (@KyivPost) February 26, 2022
И покрај војната, Украина продолжува да испорачува руски природен гас во Европа.
Извор: МИА