(ВИДЕО) Путин во ненајавена посета на Калининград

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ја посети руската ексклава Калининград, која се наоѓа меѓу две членки на НАТО, во услови на тензии меѓу Москва и западните земји поради руската инвазија на Украина.

Путин ја започна својата посета со средба со учениците на денот на почетокот на учебната година, на која одговараше на многу шарени прашања од областа на економијата, за вселенската програма до офанзивата на Москва во Украина, а снимката беше емитувана во живо на Руската телевизија.

„Сите веруваат дека денес се случува некаква руска агресија. Но, никој не разбира и не знае дека по државниот удар во Украина во 2014 година, жителите на Доњецк, Луганск, а во секој случај, голем дел од Крим, не сакаше да ги признае резултатите од овој пуч.Против тие луѓе почнаа војна која трае веќе 8 години“, рече рускиот претседател и додаде:

„Мисијата на нашите војници и милитанти од Донбас е да ја запрат оваа војна и да ги заштитат луѓето. И, се разбира, да ја заштитат самата Русија, бидејќи на територијата на денешна Украина почна да се формира антируска енклава, која и се заканува на нашата земја. Затоа руските момчиња кои се борат во Украина ги штитат и жителите на Донбас и самата Русија“.

Рускиот претседател рече и дека жителите на Донбас, област во која живеат голем број луѓе кои зборуваат руски, „се сметаат себеси за дел од културниот и јазичниот простор на Русија“, но и дека Украина како земја не ни постоела порано Советскиот Сојуз.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски

Зеленски за заканите на Путин: Треба да се плаши од употреба на нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Путин: Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја