ВИДЕО: Путин пристигна кај Си Џинпинг

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг, објави РИА Новости денес.

Авионот со кој се наоѓаше рускиот претседател слета во Тјенџин, каде што Путин ќе присуствува на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), за време на кој ќе одржи билатерални средби со странски лидери.

Посетата на рускиот лидер ќе трае четири дена, до 3 септември. Програмата вклучува и посета на Пекинг, каде што е планирана трилатерална средба со лидерите на Монголија и Кина, како и одделни разговори со Си Џинпинг и други шефови на држави.

Исто така, планирано е рускиот претседател да присуствува како главен гостин на свечените настани во Пекинг, посветени на 80-годишнината од победата над милитаристичката Јапонија и крајот на Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Мултиполарноста во светот веќе е пристигната

Песков: Русија не е вмешана во техничкиот дефект на авионот со кој патуваше Урсула фон дер Лајен

Венецуела го вооружува народот: Нова војна на хоризонтот

Предраг Петровиќ

Путин: Русија и Кина заедно против санкциите што ја попречуваат глобалната трговија

А1он

Роберт Фиц го цитираше Хитлер, го бранеше Путин и го пофали Советскиот Сојуз

Вучиќ оди за Кина, ќе има средба и со Путин-тема Република Српска