ВИДЕО: Путин им покажа како се пука на новите војници

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ги посети мобилизираните војници на полигонот во западниот регион Рјазан, се вели во соопштението објавено од Кремљ.

Во соопштението се вели дека тој извршил увид во „борбената компатибилност на единиците и подготвеноста на воениот персонал за извршување задачи“ на локација во Западниот воен округ.

За време на посетата, рускиот претседател теситраше снајперска пушка СВД.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му врачил на Путин извештај за борбената обука на мобилизираните, се наведува во соопштението за печатот.

Путин, исто така, посети „повеќенаменски стрелачки комплекс, каде воениот персонал практикува различни видови на гаѓање под водство на резидентни команданти и професионални инструктори со борбено искуство“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив