На интернет се појави уште едно видео кое фрла сомнеж во здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин.
На видеото кое е направено на 1 септември во Калининград, за време на посетата на Путин на учениците од оваа руска покраина, се гледа како првиот човек на Русија седи на стол и разговара со децата.
Вниманието на сите присутни, но и на целиот свет го привлекоа неговите нозе кои речиси во ниту еден момент не мируваа, туку необично се грчеа.
Исто така, според Дејли Мејл, Путин е загрижен за коронавирусот и наводно наредил секое дете да биде ставено во карантин две недели пред состанокот во Калининград.
Да потсетиме дека од почетокот на руската инвазија на Украина, западната јавност шпекулира дека Путин е болен, пред се поради видео снимките на кои се гледа дека Путин нема контрола над нозете или неконтролирано се тресе.
Кремљ досега секогаш ги негираше овие тврдења.