Путин ги намалува бенефициите за ранетите во војната

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин одобри намалување на бенефициите за ранетите војници кои учествуваат во војната против Украина.

Сегашниот максимален износ на обештетување е 3 милиони рубљи (речиси 29.000 долари), но сериозноста на повредата досега не беше земена предвид. Промената што ја одобри Путин сега ги дели повредите во три категории. Исплатата за „тешка“ повреда останува 3 милиони рубљи (речиси 29.000 долари), додека за „полесна“ повреда војниците ќе добијат еден милион рубљи (речиси 10.000 долари). Според руската државна новинска агенција ТАСС, за „други полесни повреди“ на војниците ќе им биде исплатена компензација од 100.000 рубли (960 долари).

Во указот потпишан од Путин не е прецизирано како ќе се класифицира тежината на повредите.

Заменик-министерката за одбрана Ана Цивилева на состанокот со министерот Андреј Белоусов рече дека сегашните правила за исплати за повреди создаваат „чувство на изобличување“ кај војниците.

Во октомври, руските сили во Украина ги претрпеа своите најтешки загуби од почетокот на целосната инвазија.

Британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека според британското разузнавање, московските трупи во октомври имале 41.980 мртви и ранети.

И додека руските сили бележат рекордни загуби, тие сè побрзи напредуваат во источниот дел на Украина.

Би можело да ве интересира

Украина не е подготвена за преговори со Русија за ставање крај на војната

Медведев: Русија е подготвена за разговори со Украина

Макрон: Мировниот договор во Украина мора да вклучи Украинци

Бербок: На Украина и требаат долгорочни безбедносни гаранции

Руте: Не сме подготвени за тоа што Путин го подготвува

Баталјон составен од поранешни украински војници се бори на страната на Русија