ВИДЕО: Пукање во Брисел, има мртви, нивото на закана од тероризам на максимум

Од:

Најмалку две лица загинаа во оружен напад во Брисел, соопштија локалните власти.

Напаѓачот е во бегство, а безбедносните служби велат дека имаат видео на кое осомничениот тврди дека е член на Исламската држава и дека убил тројца шведски државјани за да се одмазди во име на муслиманите, но локалните власти додаваат дека автентичноста на видеото допрва треба да се потврди, пренесува белгискиот јавен сервис РТБФ.

Во тек е состанок на Националниот кризен центар на кој присуствуваат премиерот, министерот за внатрешни работи и министерот за правда, а полицијата започна истрага за инцидентот. Нивото на закана од тероризам е зголемено на четири, што е максимум и значи дека се работи за сериозна и непосредна закана. Според белгискиот весник „Het Laatste Nieuws“, жртвите се шведски државјани, а се претпоставува дека се навивачи. Фудбалската репрезентација на Шведска игра против Белгија во квалификациите за ЕП 2024 година.

Би можело да ве интересира

Тинејџер со полуавтоматска пушка пукал и ранил две лица во Велика Кладуша

Горан Наумовски

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Пукање во Чаир, тешко рането е едно лице

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Трета жртва од пукањето во Скадар

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски